Auro Domus е лидер во тргувањето со благородни метали во Хрватска, а работи на подрачјето на цела Европа. Групацијата вклучува повеќе поврзани компании во Хрватска и странство. Дополнително на инвестициското злато и сребро и откупот на злато, основната дејност вклучува и менувачко работење и управување со банкомати.
Меѓународниот успех на групацијата Auro Domus е заснован на повеќе од 100 години семејна традиција во тргувањето со благородни метали. Во дамнешната 1916 година Ренато Десардо започнал со подучување за мајстор златар кај Рудолф Гиралди, најпочитуваниот златар на тоа време. По добивањето одобрение за работа како самостоен златар во 1929 година ја отворил својата прва златарница. За негово место за работа ја избрал Опатија, една од најважните европски туристички дестинации на почетокот на векот, место на луксуз, гламур и префинет вкус. Опатија и ден-денешен е седиште на компанијата Auro Domus.
Знаењето и вештините се пренесувале „од колено на колено“. По Ренато работата ја презеле неговиот син Иво, како и внукот Армин и ја прошириле дејноста и во другите градови. Врз оваа традиција, Лорис Десардо, четвртата генерација од семејството кое работи со злато, во 2010 година ја основал компанијата Auro Domus.Тој ги споил долгогодишното искуство со потребите на пазарот и ја создал една од најбрзорастечките компании во земјата.
Компанијата Auro Domus ја започнала својата дејност со откуп на злато. Таа била прва компанија која организирала професионален откуп на злато како самостојна дејност. За само две години компанијата станала хрватски лидер во благородни метали. Квалитетната деловна политика и професионалниот пристап кон клиентите биле препознаени и наградени од пазарот. Благодарение на ова компанијата во 2014 година остварила најголем раст во конкуренција со 100 најголеми компании во Хрватска.
Една година претходно Групацијата е проширена со компанијата Auro Domus Bullion Market. Таа компанија е специјализирана за производство и продажба на производи од инвестициско злато и сребро. Со тоа групацијата Auro Domus ја заокружила својата активност на пазарот на благородни метали.

Златна прачка Valcambi 1 унца

Златна прачка Valcambi 1000 g

Златна прачка Valcambi 500 g

Златна прачка Valcambi 250 g

Златна прачка Valcambi 100 g

Златна прачка Valcambi 50 g

Златна прачка Valcambi 20 g

Златна прачка Valcambi 10 g
Auro Domus денес има широка малопродажна мрежа низ цела Хрватска. Под препознатливиот жолто-црн знак клиентите ќе пронајдат љубезни и едуцирани работници специјализирани за давање услуги за процена и откуп на злато и сребро, продажба на инвестициско злато и златен накит, како и замена на валути.
Својот понатамошен раст компанијата го темели на препознавањето на потребите на пазарот и понатамошното ширење на својата дејност и приближување на паричните услуги до широкиот круг на клиенти. Врз основа на ова Auro Domus ја изградил една од најголемите мрежи на банкомати (АТМ) во Хрватска. Во својата мрежа овозможува брзо подигнување готовина на повеќе од 500 локации низ целата земја.
Auro Domus ја прошири својата дејност во последните години и во други земји од Европската Унија. Услугата на откуп и продажба на инвестициско злато е меѓународно достапна. Истовремено, проширена е и мрежата банкомати надвор од хрватските граници.
Auro Domus го темели својот понатамошен раст и успех на истите оние постулати на кои е изградена репутацијата на златарницата Десардо. Постулатите вклучуваат континуирано следење на пазарните трендови, вложување во едукација на вработените и инсистирање, не само на исполнување, туку и на надминување на сите желби на клиентите.