Инвестициското злато е одличен начин за зачувување и зголемување на средствата. Се препорачува како долготрајна инвестиција, особено во време на криза и неизвесност. Просечниот годишен принос се движи над 8 проценти во последните 50 години.
Благородните метали во нашата веб-продавница се достапни по најповолни услови. Проверете ја купопродажната цена за инвестициското злато и сребро.
Златото е пари. Сè друго е кредит.
Иако златото и среброто по природа не се пари, парите по природа се злато и сребро
Златно правило: Кој има злато ги поставува правилата.
Златото денес е добра инвестиција од истата причина поради која тоа го држи овој статус илјадници години наназад. Голем дел од одговорите произлегуваат од неговите физички карактеристики. Отпорноста на временските услови, но и едноставноста при обликувањето, му овозможиле истакнато место на прв избор за накит и последователно значајна улога во индустријата. Употребливата вредност на златото му обезбедува побарувачка и надвор од инвестицискиот сектор. Од истата причина вредноста на златото не може да падне „на нула“, како што тоа може да се случи со хартиите од вредност, односно акциите.
Дополнително „осигурување“ кое ги привлекува инвеститорите кон златото е тоа што неговата најниска цена е позната. Таа се движи околу 900 долари за унца. Тоа е, имено, трошокот за експлоатација на златото од рудниците. Ова е многу уверлива гаранција дека цената не може да падне под нивото на профитабилност на производството на злато.
Најнакрај, дополнителната предност на златото над останатите форми на имотна вредност е едноставноста на неговата монетизација. Многу е лесно да купиш и продадеш злато. Тоа има универзална вредност која е глобално призната. Златната прачка или златната монета, купени во продавницата на Auro Domus може брзо и едноставно да се заменат за пари каде било во светот.

Заинтересирани сте за инвестициско злато?
Не ја пронајдовте информацијата која ја баравте? Проверете ги одговорите на најчестите прашања. Или контактирајте нè: